Денеска е спомен на Светиот маченик Јулијан Тарсиски: Чуда на неговите мошти во Антиохија

Православната црква денеска го одбележува споменот на Светиот маченик Јулијан Тарсиски
Од благородно, сенаторско потекло; живееше во Тарс Киликиски, пострада во времето на Диоклецијан. Иако имаше само осумнаесет години кога беше подложен на мачење за верата, свети Јулијан беше веќе доволно воспитан и утврден во христијанското благочестие. Царскиот намесник го водеше со себе цела година од град во град, постојано мачејќи го и наговарајќи го да се одрече од Христа. Мајка му оддалеку го следеше Јулијан. А кога намесникот ја фати и ја испрати да го посоветува својот син да се откаже од Христа, таа три дена му го зборуваше на синот во затворот спротивното, влечејќи го и храбрејќи го да не паѓа со духот, туку смело и со благодарност кон Бога да појде во смрт. Тогаш мачителите го зашија Јулијан во вреќа со песок, скорпии и змии, па го фрлија во морето. Мајка му исто така умре маченички. Неговите мошти брановите ги исфрлија на брегот, а верните ги пренесоа и чесно ги погребаа во Александрија, во 290 година. Подоцна тие мошти беа пренесени во Антиохија. Дојде време кога свети Јован Златоуст одржа пофално слово за светиот маченик Јулијан: „Од усните на мачениците исходеше свет глас и заедно со гласот се излеваше светлина појасна од сончевите зраци“. И уште: „Земи кого сакаш, избезумен или демонизиран и приведи од нив кај овој свет гроб во којшто лежат маченички мошти и ќе видиш како тој (демонот) веднаш ќе отскокне и ќе побегне како од палежен жар“. Од овие зборови е јасно колку многубројни чуда мора да се случувале на гробот на свети Јулијан.

This image has an empty alt attribute; its file name is julijan-tarsiski.jpg

loading...

Преподобните Јулиј и Јулијан
Родени браќа од грчката област Мирмидонија. Од малечки воспитани во христијанство, со завет дека ќе живеат секогаш во девственост, служејќи ѝ на Црквата. Јулиј беше презвитер, а Јулијан ѓакон. Од царот Теодосиј Помладиот издејствуваа грамат за да ги уриваат идолиштата, а да градат христијански цркви. Овие двајца браќа како двајца апостоли ги обраќаа нехристијаните во христијани ширум Исток и Запад и ѕидаа цркви. Додека живееја изградија сто цркви. Се упокоија мирно во Господа, близу Медиолан. Жителите на Медиолан го повикуваат свети Јулиј на помош против волците.

Свештеномаченик Терентиј (Терциј), епископ Иконијски
Светиот Терциј е еден од 70-те апостоли. По потекло од Коринт, бил еден од најблиските ученици и соработници на светиот апостол Павел. Познато е дека посланието на апостолот Павел кон Римјаните било напишано од апостолот Терциј, бидејќи апостолот Павел, според неговото сопствено сведоштво, имал неразбирлив ракопис кој било тешко да се препишува. Дека Терциј го пишувал ова послание дознаваме и од самото послание, каде што ги читаме следните зборови: „Ве поздравувам и јас, Терциј, кој го напиша ова послание“ (Рим. 16, 22). Светиот апостол Терциј беше епископ во Иконија после светиот апостол Сосипатр, и таму се удостои да прими маченички венец. Пострада во I век, беше прободен со зашилено дрво.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЗ: Регистрирани се 81 нови лабораториски позитивни случаи на Ковид 19 – Нема пријавено починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 …