(ВИДЕО+ФОТО) Забрзувањето на Ѓоковиќ за четирифинале на Вимблдон!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четирифиналето на Вимблдон откако во мечот од четвртото коло го совлада 104-от светски играч Тим Ван Рајховен – 6:2, 4:6, 6:1, 6:2 за два часа и 34 минути игра.
Ноле, моментално трет на АТП-листата, ја оправда улогата на голем фаворит против 25-годишниот играч кој никогаш пред Вимблдон не бил во главниот ждреб на Грен слем турнир и во борбата за место меѓу четирите најдобри, го очекува дуел со Јаник Синер. 13-то рангираниот тенисер во светот го елиминира шест места подобро пласираниот Карлос Алкараз за четири сета.


На патот до осминафиналето Србинот загуби само два сета – во ред паднаа Квон (3:1), Кокинакис (3:0), Кечмановиќ (3:0) и Ван Рајховен.
Холанѓанецот уште од првиот момент покажа дека не случајно го постигна резултатот од кариерата на лондонската трева, но како одминуваше времето беше очигледно дека нема што да бара против Ѓоковиќ.

Резултатски, Новак убедливо го доби првиот сет (6:2), но не беше лесно, се закани Ван Рајховен, имаше брејк топки во третиот и седмиот гем, но не можеше да му го одземе сервисот на противникот. Но, тоа го направи во вториот сет, во седмиот гем за 4:3, па спаси четири брејк топки во моментот кога сервираше за нерешен резултат. На крајот го искористи третиот сет-поен и израмни на 1-1.
Од тој момент на теренот видовме сосема поинаков Ѓоковиќ – поконцентриран, помотивиран, погласен… Ноле водеше со 5:0 во третиот сет со два врзани брејка, а речиси идентична слика беше забележана и во четвртиот.

Ѓоковиќ е трикратен последователен шампион на Вимблдон, а титулата во Лондон ја освојуваше вкупно шест пати.

Пласман во осминафиналето обезбеди Дејвид Гофан со победата од 3-2 над Френсис Тиафо и Камерон Нори, кој беше подобар од Томи Пол со 3-0.
Во понеделник во преостанатите четири осминафинални натпревари: Гарин – Де Минор, Накашима – Киргиос, Кублер – Фриц и Ван де Зандшулп – Надал.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Полицаец го убил легендарен Бразилец

Легендарниот бразилски борец во џиу џицу Леандро Ло е убиен во Бразил. Ленадро Ло имал …