(ФОТО) УБАВА ВЕСТ ЗА НОВАК – Австралија ги менува правилата – Ѓоковиќ може да оди во Мелбурн?

Австралиските власти одлучија да ги променат условите за влез во земјата, а новите правила ќе стапат на сила на 6. јули, пишува „Sydney Morning Herald“.
Според нив, странските државјани нема да мора да го пријават својот вакциналенстатус, со што се поништува една од мерките воведени за време на пандемијата на коронавирус.
Оваа вест ја потврди и австралискиот министер за здравство, Марк Батлер, кој најави промени во Законот за биосигурност на 6. јули.

This image has an empty alt attribute; its file name is novak-vo-melburn-1.jpg
Патниците сепак ќе мора да се придржуваат до мерките против Ковид, како носење маски.
Како што сега стојат работите, иако дотогаш има уште шест месеци, Новак Ѓоковиќ ќе може да настапи во Мелбурн.


This image has an empty alt attribute; its file name is novak-deportacija-1.jpg
Да потсетиме, откако во јануари годинава мораше да ја напушти таа земја, на Новак му беше забрането враќање, односно влез во Австралија на три години.
Но, изјавите на претставниците на тамошните власти беа повеќе „помирливи“ и во нив често се нагласуваше дека забраната може да се укине.

Според австралискиот закон, секој што е протеран од земјата три години по негативна одлука според член 133C(3) може да поднесе барање за изземање под „присилни“ или „сочувствителни“ околности.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОЧИНАЛА НА 40 ГОДИНИ – Британската водителка која неодамна почина, им оставила трогателно проштално писмо на своите деца

Британската водителка, која почина на крајот на јуни по битка со ракот на дебелото црево, …