(ФОТО) Научниците објаснуваат зошто луѓето се лути кога се гладни

Дали и вие сте лути и нервозни кога сте гладни? Има објаснување за тие чувства!
Сигурно барем еднаш сте се почувствувале лути додека чекате храна. Ова не е ваша вина. И покрај тоа што сè околу вас е во ред, и наскоро ќе ја добиете вашата храна, не можете да го спречите вашето лошо расположение. Има научно објаснување за оваа состојба, немојте да мислите дека вината е само ваша.

Желудникот му кажува на мозокот да јаде. Кога сте гладни, се ослободува хормонот на глад, грелин. Тој е дизајниран да му каже на мозокот дека му треба енергија од храната. Мозокот обично ќе ја послуша командата, а кога не јадете, всушност го лажете вашиот мозок.
Нивото на допин се намалува. Грелинот го контролира центарот за наградување во мозокот и игра прилично важна улога таму, па се чини дека е еден од факторите што предизвикуваат чувство на глад. Доколку во овој момент не му нудите храна на мозокот, овој хормон ќе влијае на намалувањето на нивото на допамин.


Недостатокот на допамин значи дека не можете да ги контролирате вашите емоции. Допаминот помага при менталните функции и концентрацијата. Малите промени во нивото на овој хормон може да предизвикаат големи промени во расположението, па нема да имате многу контрола над емоциите, а може да имате и посилно чувство на глад.

Една од причините зошто сте гладни е поврзана со хормонот на глад. Откако ќе се произведе грелинот, тој патува до мозокот и наредува ослободување на друг хормон, невропептид Y, кој го стимулира апетитот. Истиот хормон го контролира и расположението и емоциите како лутина и агресија. Јасно е, според истражувањата, дека високото ниво на овој хормон може да доведе и до лошо расположение.


Обидете се да јадете секој ден во исто време, за да се навикне телото на одреден ритам и да не сте гладни. На овој начин ќе спречите лошо расположение, гнев и незадоволство кои можат да ви го уништат денот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Како најпровокативниот фустан го носи Емили Рајтаковски, а како поранешната мисица?

Фустанот со отворен грб е хит за топлите летни денови, а воедно изгледа елегантно и …