(ФОТО) Конечно дочека: Првенецот на Саинс во лудницата во „Силверстоун“!

Возачот на Ферари, Карлос Саинс Јуниор, ја освои првата победа во кариерата, славејќи на Големата награда на Британија, 10-та трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.

Ден по освојувањето на првата пол-позиција, во својот 150. настап, Шпанецот даде се од себе во сосема луда трка на „Силверстоун“. Беше одбележана со прекини по само неколку кривини поради инцидент во кој Гуању Џоу беше катапултиран помеѓу оградата и заштитните бариери, како и забавување пред последните десет круга забавено од излезот на безбедносното возило на патеката кога Естебан Окон застана на патеката од што профитираше Саинц.


Второто место го зазеде Серхио Перез во болидот на Ред Бул, но му се заканува казна за претекнувањето на Шарл Леклер во второто Ферари кога ја напушта патеката со сите четири тркала, додека рекордерот по бројот на победи на „Силверстоун“ Луис Хамилтон беше трет. Леклер мораше да се задоволи со четвртото место, додека бранителот на титулата и лидер во пласманот Макс Верстапен го освои седмото место.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) НЕОБИЧНА СЦЕНА – Ги загуби нервите: Ѓоковиќ му го фрли рекетот на Иванишевиќ на трибините на сред меч – но и подари еден на дете со интересен транспарент

Новак имаше потешкотии, неколку пати го менуваше рекетот, а проблем беа жиците. Новак Ѓоковиќ денес …