ЕВА КАКО ДОМАЌИНКИТЕ НЕКОГАШ ЈА ЧИСТЕЛЕ ТОАЛЕТНАТА ШКОЛКА: Истурете го ОВА и само исплакнете

Трикови на искусни домаќинки
Повеќето домаќинки почнуваат да чистат од бањата, а на некој начин тоа е приоритет – важно е секогаш да биде совршено чисто. Покрај кадата и мијалникот, кои треба да блескаат, тука е и тоалетната школка, која е императив постојано добро да се исчисти.
Сепак, чистењето на бањата често знае да биде вистинска мака, бидејќи производите се полни со штетни хемикалии. Од друга страна, постојат и природни производи за чистење кои можете сами да ги направите.

1. Оцет и сода бикарбона
За овој метод на чистење ви треба:
100 гр сода бикарбона, 10 капки етерично масло, половина шолја бел оцет. Истурете ја содата во тоалетната шолја, а потоа додадете го етеричното масло и оцетот. Водата ќе се пени неколку минути отстранувајќи ги бигорот и дамките. Кога водата ќе престане да пени, пуштете вода.


2. Сок од лимон
Во шише со распрскувач измешајте сок од еден лимон, петнаесет капки есенцијално масло и литар вода. Сè добро измешајте и производот е подготвен за употреба.

3. Домашни шумливи таблети
Се што ви треба е:
150 гр сода бикарбона, 50 мл лимонска киселина 1 лажица детергент за садови, калапи за лед.
Измешајте сода бикарбона и лимонска киселина, потоа додадете детергент и измешајте сè заедно. Смесата ставете ја во калапи за мраз и оставете ја да се суши околу 4 часа. После тоа, извадете ги „коцките“ од садот за мраз и ставете ги во тегла што херметички ќе ја затворите.
Ставете една коцка во тоалетната школка. Почекајте да се стопи, па исчистете со четка и пуштете вода.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Како најпровокативниот фустан го носи Емили Рајтаковски, а како поранешната мисица?

Фустанот со отворен грб е хит за топлите летни денови, а воедно изгледа елегантно и …