(ВИДЕО+ФОТО) НА ФИЛМСКИ НАЧИН – Спортист како Супермен стигнал до победа, „се фрлил на глава“ и прв минал низ целта!

На атлетскиот шампионат на Португалија е видена малку неверојатна ситуација во која атлетичарот Жоао Витор Оливеира дошол до победата со тоа што „се фрлил на глава“ и стигнал до целта пред својот противник.
Оливеира, претставник на популарниот локален клуб СЛ Бенфика, во финишот на трката се борел со Абдел Ларинага, натпреварувач на Спортинг од Лисабон, а трката била решена на филмски начин бидејќи Оливеира буквално се фрлил на глава и на тој начин го претекнал неговиот противник и стигна до победата.


Тој ја мина целта со време од 13:83, што беше за 0,03 секунди побрзо од Ларинага.
Тамошните медиуми пишуваат дека се работи за спортист роден во Бразил, кој во тимот на Бенфика се приклучил во декември 2017. година. Три години откако станал член на овој клуб, тој добил португалско државјанство.

Тие исто така додаваат дека ова не било првпат да се фрли на глава во финишот на трката, наведувајќи дека истото го направил на Олимписките игри во Рио во 2016. година и на трката од португалскиот шампионат во 2019. година.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Полицаец го убил легендарен Бразилец

Легендарниот бразилски борец во џиу џицу Леандро Ло е убиен во Бразил. Ленадро Ло имал …