(ВИДЕО+ФОТО) Вимблдон се „исплаши“ од Киргиос и Циципас – еден детаљ не е прикажан!

Натпреварот помеѓу Стефанос Циципас и Ник Киргиос изобилуваше со контроверзи и необични ситуации.
Првите два сета беа особено интересни, а пред почетокот на третиот Австралиецот побара дисквалификација на Гркот.
Циципас неконтролирано ја испрати топката по завршувањето на поенот право во публиката, но избегна казна.
Во текот на самиот натпревар имаше голема тензија, Циципас во неколку наврати „случајно“ го гаѓаше Киргиос – и повторно публиката.

View this post on Instagram

A post shared by Wimbledon (@wimbledon)


Самиот Австралиец покажуваше знаци на нервоза, во првиот дел на удар беа судиите, кои постојано му се жалеа на главниот, додека во финишот имаше изливи на гнев кон својот бокс.


Мечот заврши со победа на Киргиос по четири сета и повеќе од три часа тенис, а ниту крајот не помина како што е вообичаено.
За тоа се погрижи директорот на преносот, кој можеби во страв да не се случи нешто непредвидено, не го покажа кадарот – и поздравот на двајцата играчи.
Ова изнервира многумина, кои очекуваа тоа „нешто“ да се случи и по дуелот.
На мрежите имаше различни реакции, но во основа, како што може да се види од подоцнежните фотографии и видеа, ништо позначајно не се случи.
Киргиос и Циципас се поздравија, а по мечот на прес-конференциите продолжија со препукувањара.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОЧИНАЛА НА 40 ГОДИНИ – Британската водителка која неодамна почина, им оставила трогателно проштално писмо на своите деца

Британската водителка, која почина на крајот на јуни по битка со ракот на дебелото црево, …