(ФОТО) Љубовта на Дујгу Саришин и Чагатај Улусој никогаш посилна

Познатиот актерски пар, Чагатај Улусој и Дујгу Саришин, кои уживаат во својата љубов далеку од камерите, позираа заедно на една роденденска забава на која присуствуваа.
Згодниот актер кој на нашата публика и е најпознат по неговата улога во трилерот „Инсајдер“ на каналот Dizi, веќе долго време е во љубов со неговата колешка Дујгу Саришин. Откако заврши неговата турбулентна љубовна врска со Серенај Сарикаја, која ја запозна на еден заеднички проект, како гром од ведро небо падна неговата нова љубов со Саришин, чие име беше помалку познато на турската актерска сцена.
И по скоро 6 години, јавноста сеуште е љубопитна за деталите од заедничкиот живот на Улусој и Саришин, која ја знаеме од серијата „Мали убиства“ која исто така се емитува на каналот Dizi. Иако врската на парот трае долго време, фактот дека тие не се следат на социјалните мрежи отсекогаш бил збунувачки.
Во јавноста долго време се шпекулираше дека желбата на Дујгу што поскоро да стане невеста и мајка, и ладниот и отфрлувачки однос на Улусој кон таа тема, биле најголемите причини за нивните кавги и потенцијални раскинувања на врската. Зборувајќи за шпекулациите, Саришин рече: „Нашиот однос е прекрасен. Не постои нешто такво. Да не навлегуваме во овие прашања, ве молам“.
Се тврдеше дека парот често раскинувал. Улусој рече: „Како што можете да видите, нема разделба. Овие вести почнаа да се појавуваат често. Постојаносе смееме и гиигнорираме темиве, но нашите семејства се тажни. Има луѓе околу нас кои се чувствителни на овие прашања“.
Чагатај Улусој и неговата девојка Дујгу Саришин присуствуваа на роденденскиот настан на нивниот колега актер Мустафа Мерт Коч.

This image has an empty alt attribute; its file name is dujgu-1.jpg


Дујгу Саришин и Чагатај Улусој и се добро познати на нашата публика. Моментално актуелна на каналот Diziе Дујгу во улогата на Бурчу во драматичната хит серија „Мали убиства“.

This image has an empty alt attribute; its file name is dujgu-2.jpg


„Мали убиства“ е приказна за Оја, брилијантен гинеколог од Истанбул, која се враќа во родното место да им се одмазди на школските другарки кои ја понижиле во средношколските денови.

Дејството се одвива во богатото предградие на Истанбул, Сармашик, и раскажува за бескрајната војна помеѓу „добрите“ и „лошите“.


This image has an empty alt attribute; its file name is dujgu-3.jpg

Уживајте во сплетките, интригите, страста, љубовта и одмаздата испреплетени во секоја епизода од серијата „Мали убиства“ која се емитува секој работен ден во 19:50ч. на Dizi. Ако сте пропуштиле некоја епизода гледајте го викенд маратонот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОЧИНАЛА НА 40 ГОДИНИ – Британската водителка која неодамна почина, им оставила трогателно проштално писмо на своите деца

Британската водителка, која почина на крајот на јуни по битка со ракот на дебелото црево, …