(ФОТО) Принцезата Шарлин објавила фотографија со сопругот, луѓето загрижени: „Сирота, тој брак е ноќен кошмар“

Принцезата Шарлин од Монако објавила фотографија со нејзиниот сопруг Алберт Втори од Монако. Таа позираше во зелен фустан и го држеше за рака својот сопруг.
„Среќна годишнина“, напишала Шарлин.

View this post on Instagram

A post shared by HSH Princess Charlene (@hshprincesscharlene)


За помалку од еден ден оваа фотографија собра 25. илјади лајкови и повеќе од илјада коментари. Судејќи по коментарите, некои од нејзините следбеници се уште се загрижени за нејзината состојба.
„Тие навистина се допираат? Тој брак мора да е кошмар”, „Дали сте навистина добро?”, „Се надевам дека сте среќни и здрави. Честитки”, „Мило ми е што сте толку силни”, „Сирота ти“, „Имам чувство дека е принудена да се појави во јавност со него“, се дел од коментарите.



Да потсетиме, принцезата поголемиот дел од 2021 година го помина во Јужноафриканската Република поради тешка инфекција на увото, носот и грлото. Таа потоа се преселила во установа надвор од Монако за да продолжи со лекувањето и да се одмори. Во март оваа година беше потврдено дека принцезата конечно се вратила дома.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОЧИНАЛА НА 40 ГОДИНИ – Британската водителка која неодамна почина, им оставила трогателно проштално писмо на своите деца

Британската водителка, која почина на крајот на јуни по битка со ракот на дебелото црево, …