(ФОТО) НА СЕ МИСЛЕЛА – ОТКРИЕНА ТАЈНАТА НА ТЕСТАМЕНТОТ НА ПРИНЦЕЗАТА ДИАНА: Оставила ОГРОМНО БОГАТСТВО, а еве кој го наследил целиот нејзин имот!

Познатата британска принцеза Дијана овие денови ќе наполнеше 61. година да не загинеше во страшна сообраќајна несреќа на 31. август 1997. година.
Нејзиниот постар син Вилијам оддал трогателна почит на својата мајка во писмото што го испратил до добитниците на наградата што го носи нејзиното име, која се доделува секој 1. јули од 1999. година на млади луѓе на возраст меѓу девет и 25 години кои се ангажирани во некоја општествено корисна активност во која било област од животот – од хуманитарна работа до спорт и помош на другите. Акцентот е ставен и на програмите за борба против насилството и менторството во различни области.

View this post on Instagram

A post shared by Princess Diana Spencer (@princesdianaa)



– Вие сте дел од инспиративна генерација млади луѓе кои со своите постапки го менуваат светот и неизмерно се восхитувам на вашите напори. Вие сте навистина олицетворение на наследството на мајка ми и знам дека таа би била многу горда на сите вас. Верувам дека не постои подобар начин да се прослави нејзиниот живот и работа од тоа да се оддаде признание на неверојатните луѓе кои посветуваат толку многу време и труд за да им помогнат на оние околу нив – вели принцот Вилијам во писмото.
И’ Вилијам и Хари ја поддржуваат оваа награда од самиот почеток и се вклучени во сите активности околу неа.

View this post on Instagram

A post shared by Princess Diana Spencer (@princesdianaa)



Парите за финансирањето се собираат преку донации, а дел од парите, како што се тврди, потекнуваат од наследството на принцезата, која имала само 36. години кога загинала во сообраќајна несреќа во парискиот тунел Pont de l’Alma.
За ова наследство во моментов пишуваат британските медиуми кои анализираат што и на кого оставила трагично починатата принцеза по нејзината смрт.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОЧИНАЛА НА 40 ГОДИНИ – Британската водителка која неодамна почина, им оставила трогателно проштално писмо на своите деца

Британската водителка, која почина на крајот на јуни по битка со ракот на дебелото црево, …