(ФОТО) Крис Атовска се сретнала со Виталиј Алексеевич – еден од сведоците на Чернобил: „Го имав најубавиот ден во последните 5. години!“

Новинарските патишта се непредвидливи а Крис Атовска во својотпост опишала една од нив…

„Долг и многу емотивен разговор со Виталиј Алексеевич. Еден од ликвидаторите на радиоактивниот материјал во Чернобил. Еден од ретките преживеани и заборавени од државата. Го најдов на крајот на градот Харков. Ми раскажа што се случувало тогаш и како освен таблета јод не добиле ништо друго. Ми раскажа како изгледале обидите да го однесе семејството на безбедно и какво е чувството да ја гледа својата ќерка без коса и во борба со болестите предизвикани од катастрофата. Какво е чувството да се гледаат другарите како умираат во агонија. Целата тага низ годините ја “чистел” пишувајќи поезија. Неговите стихови се најтрогателните што сум ги слушнала во животот.
Денеска, неговата мала куќичка е уништена од руското гранатирање, а освен една мала германско британска хуманитарна организација, никој друг не му помага. Тие дознале дека му е потребна помош преку еден војник кој се дружел со неговата внука пред да се отсели во Лондон. Кога го завршивме разговорот (со многу солзи), војникот се јави кај другарка му во Лондон и му го подаде телефонот за да се слушнат. Кога внука му го праша како е, тој и одговори со зборовите: До сега разговарав со една новинарка од Македонија и го имав најубавиот ден во последните 5 години.
Новинарката цел ден не престана да плаче од среќа што му го разубаве денот на овој старец и од тага зошто највредните луѓе се најзаборавени“, напиша Крис Атовска на Фејсбук.


This image has an empty alt attribute; its file name is kris-atovska-post.jpg

Фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОЧИНАЛА НА 40 ГОДИНИ – Британската водителка која неодамна почина, им оставила трогателно проштално писмо на своите деца

Британската водителка, која почина на крајот на јуни по битка со ракот на дебелото црево, …