Одлични квалификации беа забележани на дождот за Големата награда на Британија во Силверстоун.
Карлос Саинц, возачот на Ферари, стигна до првото место буквално во последните секунди од квалификациите, иако во ниту еден момент не беше блиску до Верстапен и Леклер, кои имаа најдобар ритам.
Во последниот круг, Шпанецот ја запре штоперицата на 1:40.983, беше единствениот кој отиде под 1:41 минута. За 0,072 секунди го надмина Верстапен, лидерот во првенството и актуелен шампион.
QUALIFYING CLASSIFICATION 👀
Sainz reigns in the rain 🙌#BritishGP #F1 pic.twitter.com/4DODPKeOXf
— Formula 1 (@F1) July 2, 2022
Во вториот ред ќе биде Шарл Леклер, уште еден ас на Ферари. Тој заостануваше 0,315 секунди зад колегата од тимот, додека возачот на Ред Бул, Серхио Перес беше четврти со минус од 0,633 секунди.
Од петто до десетто место се пласираа Хамилтон, Норис, Алонсо, Расел, Џоу и најголемото изненадување Латифи.
Трката за Големата награда на Велика Британија се вози во недела од 16:00 часот со директен пренос на Спорт Клуб 2.
IT’S A FIRST POLE FOR CARLOS SAINZ!!! 👏👏👏#BritishGP #F1 pic.twitter.com/voaglb4wSV
— Formula 1 (@F1) July 2, 2022
Фото: Принтскрин/Twitter