На многумина од нас им е тешко да одвојат време за редовно вежбање. Некои се презафатени, други се мрзливи, па го прескокнуваат тренингот. Но, важноста на секојдневното вежбање не може да се нагласи доволно.
„За да ослабеме, мораме да бидеме физички активни и во исто време да се храниме добро. Една вежба не бара многу време, не треба опрема и патувања во теретана, а согорува импресивна количина на калории“, напишала нутриционист Рича од Индија на Инстаграм.
Се прашувате што е тоа? Според Рича, пешачењето треба да стане дел од вашата рутина.
„Редовното пешачење нуди многу потенцијални здравствени придобивки, вклучително и побрзо губење на тежината. Тоа е исто така една од најлесните и најисплатливите форми на вежбање што една личност може да ја направи. Еден од најефикасните начини за намалување на салото на стомакот е редовното учество во аеробик вежбање како што е одење. Со пешачење една милја (1,6 км) се согоруваат приближно 100 калории“, објаснила таа, а потоа ги навела придобивките од секојдневното пешачење.
View this post on Instagram
Како што вели, бесплатно е, согорува калории и го олеснува слабеењето, го намалува стресот и анксиозноста, го подобрува расположението, има низок ризик од повреди, го намалува гладот и желбата, помага во контролата на дијабетесот, го намалува ризикот од срцев удар и го зајакнува метаболизмот.
„Да започнеме да одиме 10.000 чекори дневно за подобро здравје и побрзо слабеење“, препорачала таа.
Добрата вест е што експертите заклучија дека не е неопходно да се прават ниту 10. илјади чекори дневно.
„Целта од 10.000 чекори беше постигната затоа што беше допадлива, лесна за паметење и над просечните дневни чекори за повеќето луѓе“, рекол д-р Томас Хираи, медицински директор на Центарот за баријатриско и метаболичко здравје во болницата О’Конор во Сан Хозе, Калифорнија, изјавил за Insider. „Тоа беше предизвик, но остварливо за многу луѓе.
Идејата за одење 10.000 чекори дневно потекнува од 1965 година, кога јапонската компанија Yamasa Clock разви педометар наречен Manpo-kei, што во превод значи ‘бројач од 10.000 чекори’“.
Факт е дека некои студии покажаа дека 10. илјади чекори дневно го подобруваат здравјето на срцето, менталното здравје, па дури и го намалуваат ризикот од дијабетес. Но, за некој да оди 10.000 чекори, би требало да оди околу два часа, што за многумина е недостижно.
Фото: Архива