(ВИДЕО) Почина популарниот јутјубер Technoblade. Имаше 23 години!

Почина Technoblade, Јутјубер кој имаше 11. милиони претплатници на својот канал благодарение на видеата на Minecraft.

Имаше 24. години и боледуваше од рак, а неговото семејство ја соопшти трагичната вест во емотивното проштално видео објавено на негово име, кое во еден ден беше прегледано 36. милиони пати.
Минатата година Technoblade им открил на фановите дека му бил дијагностициран сарком, редок вид на рак на сврзното ткиво на телото. Прошталната белешка напишана неколку часа пред неговата смрт и прочитана од неговиот татко започнала: „Здраво на сите, Technoblade овде. Ако го гледате ова, јас сум мртов“.


Неговиот татко открил дека вистинското име на јутјуберот е Алекс.
„Ви благодарам на сите што ја поддржувавте мојата содржина низ годините. Ако имав уште сто животи, мислам дека би избрал да бидам Technoblade секој пат повторно бидејќи тоа беа најсреќните години во мојот живот“, рекол тој во видеото во име на неговиот син.
Technoblade вели дека неговиот канал на YouTube е причината поради која неговите браќа и сестри можат да одат на колеџ ако сакаат во иднина. Неговата официјална веб-страница, исто така, наведува дека дел од продажбата на неговата промотивна стока ќе биде донирана на Фондацијата Саркома на Америка.
Пред да му биде дијагностициран рак, чувствувал болка во раката, за која првично мислел дека е од играње игри, но набрзо се појавил оток и му бил дијагностициран рак во терминална фаза.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Американска актерка го посетила Зеленски: „Светот ќе ја слушне вистината“

Од крајот на февруари, кога започна војната во Украина, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, беше …