Улична, класична музика во Тирана

Македонскиот културно – информативен центар во Тирана, сношти ги претстави „Woodwind quintet Phil-harmonic Five” од Скопје.

This image has an empty alt attribute; its file name is tirana3.jpg
Во несекојдневна и пријатна атмосфера, во Гранд Паркот во Тирана, овој наш дувачки квинтет имаше едночасовен концерт на отворено, каде се претстави со дела од Хајдн и домашни автори (Љубомир Браноѓолица).


This image has an empty alt attribute; its file name is tirana1.jpg
Grand Park Tirana е место каде што после 18- часот попладне, излегуваат на прошетка голем број на тиранчани. Огромниот парк од 8 километри, во попладневите и вечерните часови за разни видови релаксација го користат голем број посетители. Овој простор важи за место каде тиранчаните зборуваат за духовните нешта во овој град и свет. Овој парк е на некој начин духовно светилиште каде се слушуваат безброј концерти, театарски престави, изложби.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во ЦК „Марко Цепенков“ целовечерен концерт ќе одржи БрасАрт квинтет

На 8 август 2022/ понеделник/ од 20.00 ч. во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ целовечерен …