Овие симптоми може да значат дека имате нетолеранција на шеќер

АКО сакате да јадете слатки, веројатно сте навикнати на чувството кое следи по нивното консумирање. Имено, може да се работи за лошо чувство, па можеби се прашувате како вашето тело поднесува шеќер. Иако се можни алергии на шеќер, тие се многу ретки, но нетолеранцијата на шеќер е нешто почеста.

„Шеќерот може да предизвика воспаление во цревата, што може да предизвика симптоми како надуеност, грчеви, болки во стомакот, а можеби дури и протекување од желудникот“, вели диететичарот Даниел Вентер за Romper.


Симптомите обично се појавуваат многу брзо по јадењето на нешто слатко, некој десерт. Обично ќе се појави околу два часа подоцна, но понекогаш може да потрае четири до шест часа. „Зависи од количината изедена бидејќи мала количина може да не предизвика реакција“, објаснува Вентер. „Некои симптоми како надуеност или главоболки може да се појават дури и ден или два по консумирањето“, вели таа.

Надуеност
„Надуеноста никогаш не е пријатна. Се чувствувате надуено и летаргично, а ако вашето тело се бори да свари одреден шеќер, без разлика дали е тоа лактоза или нешто друго, тоа може да предизвика надуеност бидејќи тој шеќер се обидува да се пробие низ вашиот дигестивен систем“, вели Вентер.


„Консумирањето повеќе влакна помага во борбата против запек и надуеност“, вели таа за Romper. „Избегнувајте газирани сокови и гуми за џвакање. Активирајте се за да ги движите цревата“, додава таа.

Гасови
Вишокот гас може да биде и знак дека имате нетолеранција на шеќер, вели регистрираната диететичарка Ванеса Рисето. Земањето лекови за олеснување на гасовите може да помогне, но тоа нема да ја поправи основната нетолеранција, па затоа треба да избегнувате шеќер што ви го предизвикува овој проблем.


Анксиозност
Намалувањето на внесот на шеќер може да помогне да се намали анксиозноста. Вентер додава дека алкохолот и кофеинот исто така може да ја влошат анксиозноста, додека редовното вежбање може да помогне во ублажување на овој симптом.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Како најпровокативниот фустан го носи Емили Рајтаковски, а како поранешната мисица?

Фустанот со отворен грб е хит за топлите летни денови, а воедно изгледа елегантно и …