МНТ на летна турнеја со претставите „Не се клади на Енглези“ и „Народен непријател“

Македонскиот народен театар ова лето со две различни претстави ќе се претстави на повеќе сцени. Гостувањата на кратката летна турнеја ќе се случат во периодот од 3 јули до 15 август.

This image has an empty alt attribute; its file name is ne-se-kladi-na-englezi.jpg
Патувањето ќе започне со гостувањето на претставата „Не се клади на Енглези” на 3 јули, во рамките на 15-годишнината од Фестивалот „Македонско културно лето” во Пустец, Р Албанија. Оваа копродукциска претстава веќе осум години опстојува на репертоарската програма на МНТ, а гостувањето е уште една убава можност да се претставиме и надвор.


This image has an empty alt attribute; its file name is MNT-1.jpg

Потоа на 5 јули, со новата претстава „Народен непријател” – добитник на четири големи наградни признанија на МТФ „Војдан Чернодрински”, следи гостувањето на Битолскиот летен фестивал – БИТ ФЕСТ, манифестација на која ќе учествуваат реномирани уметници, во програмата која опфаќа разновидни музичко сценски настани како: театар, филм, концерти на класична, џез, рок и традиционална музика.
Последното гостување ќе биде на 15 август, во рамките на 62. фестивал „Охридско лето” со изведбата на претставата „Народен непријател” во Центарот за култура „Григор Прличев”, со почеток во 21:00 часот. Фестивалот и оваа година изобилува со фантастична ревијална програма која ќе трае од 12 јули до 20 август.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ГИ НАСМЕАЛ ГЛЕДАЧИТЕ – Водителот на РТС се „телепортирал“ во студио за време на преносот на СП: „Сепак, не ја плаќаме претплатата за џабе!“

Водителот на Радио-телевизијата на Србија (РТС) стана хит на социјалните мрежи откако се „телепортираше“ во …