Зошто мажите се ОДЉУБУВААТ: Ова се најчестите причини зошто си заминуваат!

Кои се најчестите причини зошто мажот одлучува да раскине и да си замине?
Има некои работи кои со текот на времето почнуваат многу да ги мачат мажите. Секако, секогаш треба да имате на ум дека секој е своја личност, но и покрај тоа, размислуваат горе-долу исто или барем слично, па доколку се двоумите, внимавајте што може да го избрка саканото лице.

1. Претерано приговарање
Не е невообичаено да се жалите од време на време, но може да биде крајно фрустрирачки ако се повторува. Никој не сака секој ден да слуша приговори и прекорување! Желбата да се контролира и наметне сопственото мислење може да ја избрка личноста која не сака, доколку создадеме нездрава атмосфера во која е невозможно да се живее мирно. Направете компромис или избројте до 10. пред да реагирате насилно.


2. Форсирање брак
Жените сакаат сигурност и по некое време ќе почнат да размислуваат за брак и деца. Меѓутоа, ако почнете премногу да ја туркате врската и да создавате притисок, тоа може да го исплаши мажот до вас. Секако, тоа не значи дека ги потиснувате емоциите и желбите, туку дека размислувате дали премногу притискате за нешто посериозно и дали очекувате премногу од врската која не трае долго.

3. Нема страст во креветот
Важен аспект на врската е сексот. Ако со текот на времето се претвори во рутина без емоции и страст, може да влијае на целата врска. Разговарајте со партнерот, внесете малку освежување и бидете подготвени да ја прекинете рутината.


4. Простор за себе
Нема ништо поубаво на светот од тоа да поминуваме време со саканата личност. Но запомнете дека секогаш мора да одвоите време за себе. Кога сте секогаш достапни, постојано инсистирате да се гледате и немате свои хоби и време за себе – лесно можете да и досадите на вашата сакана личност.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Како најпровокативниот фустан го носи Емили Рајтаковски, а како поранешната мисица?

Фустанот со отворен грб е хит за топлите летни денови, а воедно изгледа елегантно и …