(ВИДЕО+ФОТО) Рутинска победа на Ѓоковиќ против помладиот Кецмановиќ

Во натпреварот од третото коло на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ во три сета го совлада Миомир Кецмановиќ со 6:0, 6:3, 6:4.
Натпреварот кој траеше нешто помалку од два часа доведе до пласман во осминафиналето на третиот Грен слем во сезоната за Ѓоковиќ.
Во првиот сет на теренот беше само Ѓоковиќ. Рутински, поискусниот од двајцата српски тенисери, победи шест гема по ред, со три брејка и поведе со 1:0.


И тогаш конечно на теренот излезе Кецмановиќ и тоа ни донесе феноменален тенис и добра борба во следните два сета.
Во вториот сет во неколку наврати Кецмановиќ успеваше да одолее и да спаси брејк топки, но Ѓоковиќ на крајот успеа да го брејкне и да стигне до вториот сет.
Во третиот Ѓоковиќ направи брејк во третиот гем, водеше со 2:1 и се покажа дека и покрај сета борба и убавите поени што ни ги даде Кечмановиќ, тоа беше клучна предност. Ѓоковиќ додаде уште еден брејк по што имаше можност со свој сервис да ја потврди победата, но Кецмановиќ токму тогаш го направи првиот брејк на мечот.

За место во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Холанѓанецот Тим ​​ван Ријтовен, кој во првиот меч од денот со победа од три сета го елиминира 22-риот носител Николас Басилашвили.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Полицаец го убил легендарен Бразилец

Легендарниот бразилски борец во џиу џицу Леандро Ло е убиен во Бразил. Ленадро Ло имал …