Тогаш го запознала неговиот син Доди Ал Фаед и стапила во врска со него.
Ноќта на 31. август 1997. година, таа загина во сообраќајна несреќа во Париз. Веста одекна во медиумите, а само половина час по нејзината смрт се појавија различни теории на заговор, меѓу кои и онаа дека била убиена од агенти на МИ6. Таа остана запаметена како добар ангел, по нејзината хуманитарна работа, а покрај тоа и по нејзиниот елегантен стил.
Нејзината последна посета како дел од хуманитарните активности беше во БиХ, на 10. август 1997. година. Принцезата помина три дена во оваа земја и ги посети настраданите во неколку градови во Босна и Херцеговина, на кои им дала поддршка и надеж за подобро утре.
princess diana comforting a crying woman during her visit in bosnia, 1997 pic.twitter.com/frcH2dwwbs
— best of diana (@dianaofhearts) November 20, 2020
Принцезата во Сараево била пречекана од Кен Радерфорд, британски професор, еден од основачите на организацијата Landmine Survivors Network (LSN).
За време на нејзината посета на Босна и Херцеговина, принцезата Дијана не сакала да се сретне со политичари, таа ја опишала нејзината посета како „потполно приватна“. Таа сакала да ги посети домовите на жртвите од мини и да се сретне со локалните здруженија на инвалиди и специјалисти за рехабилитација.
Многумина биле среќни поради посетата на принцезата Дијана и нејзината цел да истакне голем проблем, особено во земјата за која тогаш се проценуваше дека има околу еден милион нагазни мини останати од војната.
На вториот ден од посетата, принцезата подготвила изненадување – роденденски подарок за маж кој настрадал од мина. Мухамед Шољанкиќ го загубил стапалото во 1994. година, а при нејзината посета принцезата Дијана му подарила протетско стапало кое самиот не можел да го добие.
Во Босна и Херцеговина таа се сретнала со уште неколку жртви во повеќе градови во Босна и Херцеговина.
Фото: Принтскрин/Twitter