(ВИДЕО+ФОТО) НИКОГАШ ПРЕЖАЛЕНА – Принцезата Дијана денеска ќе го прославеше својот 61. роденден: Последната официјална посета била во Босна и Херцеговина

Омилената принцеза Дијана, попозната како Лејди Ди, денеска ќе го прославеше својот 61. роденден.
Таа е родена на 1. јули 1961. година во Сандрингем, Обединетото Кралство, а минатата година на роденденот на никогаш незажалената принцеза од Велс, нејзиниот споменик беше откриен во палатата Кенсингтон.

View this post on Instagram

A post shared by Princess Diana Spencer (@princesdianaa)


Дијана Спенсер беше ќерка на 8-миот Ерл Спенсер и неговата сопруга Френсис Рош. Родителите очајно сакаа син да ја наследи титулата, која ја добија по Дијана, а потоа се разведоа. Децата му припаднале на таткото.
Лејди Ди трагично загина во 1997 година во сообраќајна несреќа. Тоа се случило една година по нејзиниот многу бурен развод со принцот Чарлс, кој бил финализиран на 28. ноември 1996. година. Тие се венчале на 29. јули 1981. година.



Принцот Чарлс се запознал со Дијана преку нејзината постара сестра, која се забавувала со него некое време. Свадбата од бајките ја пренесоа 74 ТВ станици ширум светот, а невестата ја гледале над 750 милиони луѓе. На церемонијата во катедралата Свети Павле во Лондон присуствувале 2.650 гости. Англија тогаш доби идна кралица.


Бракот со Чарлс беше лош, а медиумите секојдневно пишуваа за нивните проблеми. По разводот, тогашната 36-годишна принцеза ја прифатила поканата за одмор на југот на Франција со семејството на египетскиот милионер Мохамед Ал Фаед, сопственик на познатата стоковна куќа „Хародс“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОЧИНАЛА НА 40 ГОДИНИ – Британската водителка која неодамна почина, им оставила трогателно проштално писмо на своите деца

Британската водителка, која почина на крајот на јуни по битка со ракот на дебелото црево, …