7. најквалитетните протеини кои треба да се консумираат секој ден, според нутриционистите

ПРОТЕИНИТЕ се клучни за обновување на клетките и ткивата, а исто така помагаат во стабилизирање на шеќерот во крвта и задоволување на гладот. Но, не сите протеини се еднакви. Треба да вклучите квалитетни протеини со малку маснотии во вашата исхрана за ефикасно да изгубите тежина и да го зајакнете и подобрите целокупното здравје.
На пример, масните парчиња месо содржат протеини, но во исто време се полни со заситени масти, соли и други нездрави состојки. Животинските протеини содржат девет аминокиселини кои се нарекуваат есенцијални бидејќи се неопходни за изградба на протеини, хормони и невротрансмитери, а нашето тело не може да ги произведе, туку мора да ги внесува со исхраната. Растителните извори на протеини исто така содржат амино киселини и можат да бидат дел од здрава и разновидна исхрана.
За Eat This, нутриционистите составиле листа на седум најдобри висококвалитетни извори на протеини – растителни и животински.

Јајца


This image has an empty alt attribute; its file name is tri-jajca.jpg
Според диететичарот Џули Ептон, јајцата се сметаат за најдобар протеин.
„Јајцата се златен стандард затоа што имаат најмногу амино киселини. Во однос на биолошката вредност, јајцата имаат 100 поени, а говедското месо 80. Само протеинот од сурутка има повисока оценка – 104 поени“, објаснила таа.

Гради од живина без кожа
Градите од пилешко и мисиркино се идеални за градење, поправка и одржување на мускулната маса бидејќи природно имаат малку заситени масти и сол. Градите од живина без кожа се добар извор на витамин Б, кој е од суштинско значење за синтезата на ДНК, производството на енергија и здравјето на мозокот, а содржат и антиоксиданс селен, кој е важен за имунитетот и здравјето на тироидната жлезда.


This image has an empty alt attribute; its file name is pilesko.jpg

Лосос и сардини
Овие масни риби се богати со протеини и природно имаат малку сол и заситени масти, а во исто време се одличен извор на омега-3 масни киселини.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Како брзо да се исушат алиштата во зима? Овие генијални трикови заштедуваат време!

Доколку немате тераса или соба во вашиот стан каде што можете да ги исушите алиштата, …