(ФОТО) Прекрасни вести од домот на најубавиот турски пар: Бурак и Фахрије имаат одлична причина за славење!

Пред точно пет години, Бурак Озџивит ги скрши срцата на илјадници обожавателки кога се заколна на вечна љубов само на една, и тоа најголемата – убавата колешка Фахрија Евџен. Беше на романтичниот брег на Босфор, во Истанбул, во доцните попладневни часови.
Иако турските медиуми во меѓувреме неколку пати ги разведуваа, згодната двојка чија приказна започна во 2013. година, немаше некои позначајни проблеми во бракот. Згора на тоа, тие не се одвојуваат еден од друг, освен кога треба да одат на работа.

View this post on Instagram

A post shared by Burak Özçivit (@burakozcivit)



Тука е и круната на големата љубов, синот Каран, центарот на нивниот свет и ѕвездата на нивните Инстаграм профили.

This image has an empty alt attribute; its file name is burak-i-fahrije-1-610x1024.jpg


А бидејќи пет години брак не се ниту мала бројка ниту мала работа, впечатливиот Бали-бег и неговата сопруга на посебен начин го одбележаа овој важен датум. И двајцата објавија заеднички фотографии на социјалните мрежи, потпишани со срце.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОЧИНАЛА НА 40 ГОДИНИ – Британската водителка која неодамна почина, им оставила трогателно проштално писмо на своите деца

Британската водителка, која почина на крајот на јуни по битка со ракот на дебелото црево, …