Костадиновска-Стојчевска за „Топ Ченел”: Стратешка цел е да бидеме дел од ЕУ, како Македонци со македонска култура и македонски јазик

-Сакаме да се признае македонската култура, македонскиот јазик, нашата етничка припадност и посебноста што ја имаме како Македонци и како што неколкупати напомена нашиот премиер, „Да” нашата стратешка цел е да бидеме дел од ЕУ, но не сакаме ништо повеќе или помалку отколку што заслужуваат, сакаат или имаат другите земји-членки на ЕУ, одговори министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во ексклузивното интервју за албанската телевизија „Топ ченел” на прашање за спорот со Бугарија.

Во рамките на Министерскиот состанок за култура на Западен Балкан, таа рече дека културата е делот кој го надополнува секој друг сегмент кој е дел од Отворениот Балкан.


This image has an empty alt attribute; its file name is ministerka.jpg

– Како Министерство имаме одлична соработка со двете министерства за култура на Албанија и на Србија и со сигурност можам да кажам дека културата ќе биде највидлива на економската страна, спортот и образованието, додаде Костадиновска-Стојчевска.


Според неа министерската платформа за култура, иницијативите и состаноците се секогаш добредојдени бидејќи секогаш е добро сите да се на маса за размена на идеи и практики особено проекти посветени на младите.

This image has an empty alt attribute; its file name is ministerka-2.jpg


– Ние имаме многу млади уметници и Министерството за култура има посебен фонд кој инвестира во нивната работа и развој, но морам да истакнам дека културата во Северна Македонија беше единствената што немаше никакво кратење на финансиите бидејќи културата е сегментот кој на луѓето им требаше повеќе од кога било во овие две години, мислам дека ни претстои интересно лето, рече во интервјуто Костадиновска-Стојчевска.

Министрите ги истакнаа предизвиците со кои се соочуваат со младите и културното наследство на министерскиот состанок за лансирање на Првата министерска платформа на Западен Балкан за култура во Тирана, Албанија организиран од страна на Марија Габриел, европска комесарка за иновации, истражување, култура, образование и млади. Во моментот се реализираат 13 проекти во висина од 3 милиони евра кои се наменети за Западен Балкан за да се негува и зачува културното наследство. Оваа платформа има улога, преку неа заеднички да делуваат земјите од регионот на полето на културата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Костадиновска-Стојчевска на Зимска школа за македонски јазик: Создаваме трајни врски на македонистиката низ светот

„Да се има 40 нови пријатели од 17 земји, од четири континенти, кои го сакаат …