(ВИДЕО) Татко се обидел да ја измами ќерка си, нејзината реакција го воодушевила интернетот

Шеговитиот татко Остин Гетер ја насмеал интернет заедницата објавувајќи видео на кое се шегува со својата ќерка Чарли. Имено, за време на вечерата го намамил девојчето со порција вкусни тестенини, а на крајот и ги сменил чиниите и и подметнал зеленчук.
На почетокот изгледало дека му успеало. Неговиот обид да ја натера да го тргне погледот за да направи замена, поминал добро. „Дали е тоа мала мачка надвор? Прилично сум сигурен дека е мала мачка“, вели тој, ѕиркајќи низ стаклената врата на терасата.

@charliegeter

loading...

Just wait 😂

♬ original sound – Charlie Bea Geter


Чарли изгледало како да наседнала. Таа се согласила со татко и дека има мачка, но додала дека мора да има и куче. Таа се уште не забележала дека Остин ја заменил храната пред неа бидејќи била целосно фокусирана на животинското царство пред куќата.
Кога девојчето конечно решило да продолжи да јаде, се случило нешто што го натерало таткото да се насмее, а видеото кои го погледнале илјадници луѓе. Гледајќи пред себе, таа само прашала: „Што е ова?
Нејзиниот глас бил нежен, но и полн со сомнеж и неверување. Луѓето своето воодушевување го изразиле во коментарите: „Изгледа толку збунето додека нејзините родители се смеат покрај неа“.
Некој истакнал дека шегата на овој татко е најсреќниот дел од родителството: „Никој не ви кажува дека некои од најдобрите делови од родителството се само шеги на сметка на децата“.


Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) НЕГАТИВНИ РЕАКЦИИ – Гледачите згрозени од новиот филм за Мерлин Монро: „Ова е сурово, не го гледајте!“

Филмот „Blonde“, измислена приказна за легендарната актерка Мерлин Монро, кој неодамна беше објавен на Нетфликс, …