(ВИДЕО+ФОТО) Искрено со Каролина Гочева: „Најзлобните коментари ги пишуваат жени што на профилната фотографија се со внуци или цвеќе. Не знам што ги тера да бидат такви, веројатно тоа ги исполнува”

Со посебна љубов зборува за внуките Луција и Инес, оти како што вели, љубовта на тетката е веројатно слична како што е љубовта на мајката кон децата…

Поп-ѕвездата Каролина Гочева 30 години е на музичката сцена. Зад неа се хитови, фестивали, концерти, настапи. На 1 јули на стадионот на АРМ ќе има прв концерт под отворено небо со хитови од нејзиното најубаво музичко време. По три години пауза, повторно е пред скопската публика, а концертот го носи името „Ајде да летаме”.


This image has an empty alt attribute; its file name is karolina-gocev-i-voditelka.jpg

„Едвај чекам. Возбудата е голема, ама најголемата енергија пред овој концерт ми ја зема временската прогноза”, искрена е Каролина.


Во текот на сите овие години вели дека пеела и кога е среќна, и кога е тажна и кога е болна. „ На концертите во Филхармонијата, а беа четири, на последниот ми се слоши додека пеев, затоа што предходно бев болна. Ама издржав до крај затоа што и тоа е дел од работата”, раскажува поп-ѕвездата.

Неодамна се врати од женски одмор, на кој беше со мајка си, сестра си и со внуките. „Секое лето тие неколку дена ми се најубави. Знаеме и да се скараме и да се смириме, ама тоа е сè нормално за семејствата што се блиски”, раскажува Каролина.


This image has an empty alt attribute; its file name is karolina-1.jpg

Посебна приказна е сестра ѝ Сандра, од која е две години постара. „Уште кревам паника ако ја нема да се јави, па им вртам на сите можни луѓе што се околу неа за да ја чујам ако не ми крене. Сега внуките ме научија, па ѝ велат: мамо јави ѝ се на тета за да не се секира. Кога бевме мали, двете бевме рогови во вреќа оти во тинејџерските години се забележуваше таа разлика. Денес, имаме исти пријатели и многу сме блиски. Кога се караме, сакам да држам лутина, ама не ми оди, а и денес, исто како и кога бевме мали, си ја крадеме облеката една на друга”, раскажува Каролина.

Со посебна љубов зборува за внуките Луција и Инес, оти како што вели, љубовта на тетката е веројатно слична како што е љубовта на мајката кон децата.

This image has an empty alt attribute; its file name is karolina-2.jpg

Првпат проговори за разделбата на родителите. Тие повеќе од 20 години не живеат заедно, но и денес се големи пријатели. „ Кога се разведуваа тоа го направија да не приметиме јас и сестра ми. Тие денес се во одлични односи. Заедно сме за празници, родендени и таков цивилизиран однос меѓу разделените родители мислам дека е најдоброто нешто за децата. Татко ми е човек што не сака да го има на социјалните мрежи, ама кога сме заедно, на нашите ручеци или собири, секогаш гласно дебатираме и зборуваме за сè”, открива Гочева.
Во брак е со Михаил 5 години. Вели дека е среќна. За фотографијата која тој и ја нацрта за каверот на албумот „Извор” вели : „Моја желба и идеја беше Михо да ме нацрта, но не знаев дали ќе прифати”.
Ни откри дека добро се снаоѓа и во кујната и сега готви секој ден. „Не ме држи многу со муабет во студиото, морам да одам ручек да правам”, на шега вели Каролина .

This image has an empty alt attribute; its file name is karolina-goceva.png
За тоа дали и колку ја погодуваат лошите коментари, вели: „Најзлобните коментари ги пишуваат жени што на профилната фотографија се со внуци или цвеќе. Не знам што ги тера да бидат такви, веројатно тоа ги исполнува”, искрена е Каролина.

Зборувавме за Битола, школските денови со Кире Лазаров и како поп-ѕвездата заврши во неговата книга, за бракот со Михаил, за естетските корекции, за семејството и каква е приватно Каролина… гледајте го интервјуто.

Фото: Принтскрин/YouTube/reporter.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Ким и Канје го финализирале разводот, раперот ќе плаќа 200.000 долари алиментација месечно

КАНЈЕ ВЕСТ и Ким Кардашијан го финализирале разводот и постигнале договор за старателство над децата …