(ФОТО) ИМАЛА 40. ГОДИНИ – Омилената британска водителка починала по долгогодишна борба со тешка болест

Британската водителка Дам Дебора Џејмс, која долго време се борела со рак на дебелото црево, починала на 40-годишна возраст. Тажната вест ја потврдило и нејзиното семејство.

View this post on Instagram

A post shared by Deborah James (@bowelbabe)



„Дебора почина денеска, мирно, опкружена со своето семејство. Таа беше најневеројатната сопруга, ќерка, сестра, мајка. Беше инспирација, а ние сме неверојатно горди на неа, нејзината работа и посветеност. Дури и во нејзините најпредизвикувачки моменти, нејзината решеност да собира пари и свесноста беа инспиративни“, напишало нејзиното семејство.
Откако во 2016. година и била поставена дијагнозата, Џејмс отвори профил кој бил „дневник“ на нејзината болест, каде што работела неуморно за да ја подигне свеста за болеста со која таа самата се борела.

View this post on Instagram

A post shared by Deborah James (@bowelbabe)



Таа станала колумнист за таблоидот The Sun, ја објави книгата „F*** You Cancer“ и најдобро е запаметена како водител на подкастот „You, Me and the Big C“. Таа, исто така, требало да ја претстави својата втора книга, „How To Live When You Could Be Dead“ (Како да се живее кога можеш да бидеш мртов, во август).

View this post on Instagram

A post shared by Deborah James (@bowelbabe)



Таа со следбениците на Инстаграм споделувала моменти од секојдневието и ги информирала за напредокот на нејзината болест.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОЧИНАЛА НА 40 ГОДИНИ – Британската водителка која неодамна почина, им оставила трогателно проштално писмо на своите деца

Британската водителка, која почина на крајот на јуни по битка со ракот на дебелото црево, …