Тревис Баркер, 46-годишниот тапанар на бендот Blink-182 и сопругот на Кортни Кардашијан е хоспитализиран во Лос Анџелес, а исто така ги загрижил фановите со пораката што ја споделил на своите социјални мрежи непосредно пред тоа.
Заедно со Баркер, кој бил однесен на носилки, била и неговата сопруга, која ниту за момент не се одвоила од тапанарот, пренесува TMZ.
Иако се уште не е откриена точната причина зошто тој завршил во болница, фановите на Тревис ги дочекале и неговата објава која на многумина им изгледала загрижувачка.
God save me
— Travis Barker (@travisbarker) June 28, 2022
„Боже, спаси ме“, напишал накратко тој.
Сепак, некои објасниле дека е можно ова да е насловот на песната „God Save Me“, која неодамна ја претстави блискиот пријател на Баркер, Machine Gun Kelly, а чиј албум тој го продуцираше, па многумина не се сигурни дали зад оваа порака се крие нешто посериозно.
На интернет се појавила и 16-годишната ќерка на Баркер, Алабама, која ги замолила своите придружници со црна фотографија „да ги упатат своите молитви“ за нејзиниот татко.
Алабама се огласила на нејзиниот Инстаграм
Тревис е склон кон чести несреќи. Во 2018. година тој завршил во болница поради згрутчување на крвта во рацете, а боледувал и од посериозна бактериска инфекција – целулитис. Исто така, пред неколку години, тој учествувал во авионска несреќа во која загинале шест лица и се здобил со изгореници од трет степен.
Баркер ја запросил својата партнерка во октомври 2021. година на плажа во Монтесито, Калифорнија, а претходно оваа година се венчаа на неверојатна церемонија во Портофино, Италија, славејќи три дена со семејството, пријателите и саканите.
Фото: Принтскрин/Twitter