Нутриционист вели дека овој додаток им е најпотребен на жените после 50. година

ЗЕМАЊЕТО на додатоци во исхраната може да му помогне на нашето тело да остане здраво. Има многу додатоци за избор, во зависност од вашите специфични потреби. Друг фактор во изборот на најдобри додатоци за вас е возраста. Различни возрасни групи имаат различни потреби. Ако сте жена над 50. години, најдобриот додаток што можете да го изберете се висококвалитетните мултивитамини, тврди нутриционистот и диететичар Лиза Московиц за Eat This.
„На моите средовечни клиенти обично им препишувам висококвалитетни мултивитамини кои вклучуваат витамин Д за здравјето на коските, магнезиум за функцијата на мускулите и нервите и антиоксиданти како ресвератрол и глутатион. Антиоксидансите се борат против неизбежниот оксидативен стрес кој може да го забрза и комплицира процесот на стареење“.
Московиц додава дека витаминот Д и калциумот се од суштинско значење за здравјето на коските, Б-12 спречува намалување на стапката на апсорпција, а фокусирањето на влакна е клучно за здравјето на варењето и цревата.
„За среќа, повеќето од овие супстанции можете да ги добиете од вашата исхрана, но додатоците ќе ви помогнат да ги пополните празнините и да го снабдувате вашето тело со дополнителни здрави хранливи материи“, вели таа.

This image has an empty alt attribute; its file name is vitamini-i-minerali.jpg


Ако сте жена на возраст над 50. години, исто така имате поголем ризик од недостаток на витамини Б6, Б12 и Д. Ова може да се должи на здравствената состојба, нискокалорична диета или дури и губење на апетитот. За среќа, овие витамини најчесто се наоѓаат во мултивитамините.
„Со овие додатоци, би можеле да имате повеќе енергија. Витамините Б во мултивитаминот ќе ви помогнат да се борите со заморот во текот на денот и да ја подобрите енергијата и расположението“, продолжува Московиц.
Треба да се внимава и со мултивитамините. Земањето мултивитамински суплементи може да доведе до консумирање премногу витамини кои можеби воопшто не ви недостасуваат, што исто така може да биде опасно. Исто така, треба да бидете внимателни кога мешате мултивитамини со други лекови бидејќи тие би можеле да се измешаат едни со други. Затоа, пред да одлучите да консумирате мултивитамин, треба да се консултирате со вашиот лекар за тоа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Како најпровокативниот фустан го носи Емили Рајтаковски, а како поранешната мисица?

Фустанот со отворен грб е хит за топлите летни денови, а воедно изгледа елегантно и …