(ВИДЕО) Серена: „Во одреден момент мора да се помирите…“

Легендарната американска тенисерка Серена Вилијамс во вторникот го одигра својот прв професионален меч, по 364. дена, во првото коло на Вимблдон, но загуби во неизвесен дуел од 115. тенисерка во светот Хармони Тан. По дуелот таа не го криеше разочарувањето, но не бараше изговори.
„Знаете, понекогаш треба да прифатите дека сте дале се од себе. Можеби би можела да дадам повеќе следниот ден, но ова беше се што можев да направам. Во одреден момент треба да се помирите со тоа. Не можам да го променам времето, само се трудам да дадам најдобро што можам во моментов“, изјави 40-годишната Серена Вилијамс по поразот.

View this post on Instagram

A post shared by Wimbledon (@wimbledon)


„Не можам да зборувам за иднината“ Навистина не знам, чувствувам дека не знам. Кој знае што ќе се случи? Имав огромна мотивација, особено имајќи предвид како го завршив претходното учество на Вимблдон, но и голема пауза. Сепак, за време на последните неколку поени навистина настрадав на теренот. УС Опен? Не можам да го исклучам тоа, се чувствувам како да сум дома кога сум во Њујорк. Тоа е местото каде што го освоив мојот прв ГС, нешто посебно“, изјави освојувачот на 23. Грен слем титула, која сега е 1.204. играч на светот.


Тан за следна противничка ќе ја има Шпанката Сара Сорибес Тормо.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Полицаец го убил легендарен Бразилец

Легендарниот бразилски борец во џиу џицу Леандро Ло е убиен во Бразил. Ленадро Ло имал …