Постои можност Грција да ги врати ковид мерките

Грција би можела повторно да воведе ограничувања и мерки за борба против коронавирусот наесен, „ако е потребно“, рекол во понеделникот министерот за здравство Танос Плеврис, со оглед на порастот на позитивните случаи и повторените инфекции.
Оваа вест министерот ја соопшти за локалните медиуми откако Националната здравствена организација (ЕОДИ) објави 12. смртни случаи и вкупно 9.064 случаи на инфекција со коронавирус – 7.682 нови и 1.382 повторени инфекции.
Плеврис рекол дека притисокот врз јавното здравство се очекува наесен, кога властите би можеле да одлучат за низа „благи“ и насочени мерки кои се однесуваат на одредени групи.

View this post on Instagram

A post shared by Vidi Klaudia (@vidiklaudia)

loading...


Сепак, тој додал дека сегашниот шести бран на коронавирус, за кој рекол дека е очекуван поради движењето во Европа, не врши притисок врз националниот здравствен систем на Грција.
Во меѓувреме, во интервјуа за локалните медиуми, професорот по инженерство за животна средина Димостенис Сариџанис рекол дека очекува дневниот број на случаи до 15. јули да достигне 25.000, кога се смета дека моменталниот бран ќе биде на својот врв.
Иако беше укината казната за неносење маска, грчкиот министер за здравство посочил дека останува индивидуалната одговорност и ги советувал луѓето да носат маски во преполни простори и во затворени објекти.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПЕТ РАБОТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОЧИТУВА СЕКОЈА СВЕКРВА: Само така ќе има совршен однос со синот и снаата

Сите знаеме за стереотипот за свекрвите, кој не е најпозитивен. Меѓутоа, во пракса често е …