Зачин кој е посилен антиоксиданс од јаболката, портокалите и боровинките – најдобар за имунитетот!

Поради своите лековити состојки и есенцијалните масла, ориганото е исклучително ефикасно за многу здравствени проблеми.
При спомнувањето на ориганото, повеќето луѓе мислат на зачин со специфичен мирис, без кој пиците и тестенините се незамисливи. Истражувањата покажале дека има два до три пати поголемо антиоксидативно дејство од другите растенија, а од јаболката дури 42. пати, од компирите – 30., портокалите – 12., боровинките четири пати …

Чајот од оригано е благодет за организмот


This image has an empty alt attribute; its file name is caj-od-origano-1-1024x536.jpg
На пример, чајот од оригано регулира бројни здравствени проблеми предизвикани од намален имунитет и нарушена цревна флора, бронхитис, настинки, болки во грлото. Вкусот е, вистина е, чуден (силен, горчлив, го чувствуваме во уста долго време по пиењето…), па затоа најдобро е да купите готов чај во кесички во аптека или продавница за здрава храна.

Доколку сакате сами да го направите, ставете една лажичка до два мелени листови оригано во ѓезве или лонче со зовриена вода. Оставете покриено најмалку пет минути. Потоа процедете и пијте.


Ако чајот е покриен во поголем чајник, колку подолго стои, толку станува повкусен. Важно е да не се излади целосно, бидејќи тогаш вкусот не е многу пријатен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Како брзо да се исушат алиштата во зима? Овие генијални трикови заштедуваат време!

Доколку немате тераса или соба во вашиот стан каде што можете да ги исушите алиштата, …