(ВИДЕО+ФОТО) Ќерката на Алек Болдвин со години чувала тајна: Како тинејџерка била силувана, а подоцна абортирала

Ќерката на Алек Болдвин, Ајрланд Болдвин, сподели видео на Тикток во кое откри дека како тинејџерка била силувана и дека абортирала подоцна во животот.
„Денес нема да ви кажам детално што се случи“, рекла таа, „но бев силувана кога бев тинејџерка и бев целосно онесвестена кога тоа се случи. Тоа ми го промени текот на животот“.
„Со години на никого не му кажав за инцидентот, освен на медицинската сестра која ме прегледа. Таа тајна ја чував со години, а откако го сторив тоа, мене и на луѓето што ги сакам, ми предизвика многу болка“, објаснила Ајерланд.

@irelandshmireland I’m here for you ♥️ #fyp #roevwade #womensrights ♬ original sound – Ireland


„Пиев многу повеќе, излегував надвор, бев во насилни и токсични врски и пријателства… Најчесто правев се што можев за да си го одвлечам вниманието“, додала таа.
„Кога видов многу други храбри жени како ги споделуваат своите приказни, ме натера да размислувам за тоа како би изгледал мојот живот доколку забременам и морав да одгледувам бебе за време на сето она низ кое поминував во тоа време“, рекла таа. „Имајте на ум, имам медицински ресурси, пари и поддршка до кои многу жени немаат пристап“.

View this post on Instagram

A post shared by ireland (@irelandirelandireland)


„Подоцна во животот, неочекувано забременив со мојот тогашен дечко и тој прилично јасно ми стави до знаење дека никогаш не сакал деца или брак. Избрав збортус бидејќи точно знам какво е чувството да се родиш помеѓу двајва луѓе кои се мразат“, рекла таа.
„Се избрав себеси, и повторно би се избрала. Тоа е твој живот, тоа е твој избор“, заклучила Ајерланд.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОЧИНАЛА НА 40 ГОДИНИ – Британската водителка која неодамна почина, им оставила трогателно проштално писмо на своите деца

Британската водителка, која почина на крајот на јуни по битка со ракот на дебелото црево, …