(ВИДЕО+ФОТО) Тајсон Фјури и Џејк Пол се обложиле во милион долари: „Ќе ти требаат за нови заби“

Тајсон Фјури се повлече од боксот откако ја одбрани својата светска титула со нокаут против Дилион Вајт, но сепак сака егзибициски кросовер судир против шампионот на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану, кого го покани во рингот откако го победи Вајт за да поттикне потенцијално судир вреден стотина милиони долари.
Во меѓувреме, Фјури се забавува на социјалните мрежи и го трола Џејк Пол, кој во август се бори со неговиот брат Томи. Ѕвездата на Јутјуб има шест победи од шест натпревари во професионалниот бокс, но Тајсон Фјури е убеден дека неговиот помлад брат ќе ја прекине таа серија.

Облог од милион долари
Уште повеќе, тој минатата недела рече дека ќе инвестира 100.000 фунти во победата на Томи, што го натерало Пол добро да се насмее, па тој му понуди на шампионот на WBC во тешка категорија поголем облог.
„Тајсон Фјури, кој заработи 40. милиони долари минатата година, е подготвен да вложи 100.000 фунти во победата на неговиот брат. Ајде малку да го здебелиме влогот. Ајде да се обложиме во милион долари“, одговорил Пол во видео пораката.

loading...

Фјури не размислувал премногу, но ја прифатил понудата одговарајќи во сопствената видео порака со лоша глума со американски акцент. Борбата е закажана за 6. август во њујоршкиот Медисон Сквер Гарден, а Пол во следниот видео одговор на глас размислувал на што ќе ги потроши парите. Фјури му рекол дека ќе му требаат пари за нови заби.


Откако завршил со Пол, Фјури повторно го повикал Нгану од чист мир и му кажал дека е кукавица со тоа што му поставил пиле на врвот на главата во скриншот од рингот на Вембли, на кој го поканил откако го победил Вајт.

„Немој ни да мислиш дека сум го тргнал погледот од тебе. Ти сепак си ми приоритет. Доаѓам по тебе во 2023. година”, одговорил Нгану, кој поради повреда и договор со UFC не може да ја одработи таа борба оваа година.

„Ајде, голем. Нема да издржиш ниту една рунда со моите мускули”, го заклучил Фјури, краткото препукување, кое веројатно го започнал да се погрижи љубителите на боречките вештини да не ја заборават неизбежната суперборба која се најавува со месеци.

Нгану ќе се бори со Фјури, со или без нов договор со UFC
Токму борбата со Фјури е причината поради која Нгану сè уште нема нов договор со UFC, иако тој е шампион во својата тешка категорија. Тој инсистира во новиот договор да има клаузула која ќе му овозможи кросовер борби како оваа со Фјури бидејќи тие имаат многу поголема заработка во нив додека UFC не попушта.
Неговиот актуелен договор истекува или на крајот на годината или по следната борба, која и да е прва, но поради операцијата на коленото на која отиде Нгану откако го победи Сирил Гане, не е сигурно дека ќе ја направи таа борба, што значи дека вратата за судир со Фјури ќе се отвореи дури во 2023. година, без разлика дали Нгану ќе продолжи со UFC или не.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НАДАЛ НАСКОРО ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ? Поранешната шампионка на Вимблдон прогнозира дека Новак Ѓоковиќ ќе има најмногу грен слем титули!

Поранешната француска тенисерка Марион Бартоли верува дека Новак Ѓоковиќ ќе ја заврши трката GOAT пред …