107-годишна ја открила тајната на долговечноста и изненадила многумина

ЛУИСЕ Сињор минатиот викенд во друштво на повеќе од сто гости го прослави својот 107. роденден во пензионерскиот дом во Бронкс, а сите новинари кои се собрале ги интересирала тајната на долговечноста.
„Никогаш не се омажив“, возвратила таа, па затекнала и насмеала многумина.
„Да, сестра ми често вели: ‘Посакувам никогаш да не се омажив’“, додала таа во интервју за WCBS-TV.
Луиз е најстарото од четирите деца. Нејзиниот најмлад брат и сестра имаат 102 години, па добрите гени секако одиграле улога во нејзината долговечност. Покрај тоа што живее сама, таа верува дека рецептот за успех се љубовта кон танцот и повремената чаша црвено вино.
Нејзин совет за оние кои сакаат да доживеат 107.?
„Храна и вежбање. И легнете си во 23. часот“, рекла Луиз.
Сињор е слепа, а единствената терапија што ја пие се таблетите за висок крвен притисок.

Фото: Принтскрин/YouTube/ABC7NY

loading...

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЛЕТОТ КОЈ ГИ „РАЗВЕДЕ“ – Анџелина Џоли го обвинила Пит за физички напад: Ја грабнал за главата, па ги нападнал децата…

Еден од најпознатите холивудски парови Анџелина Џоли и Бред Пит повторно се во центарот на …