Изненадувачки симптом може да значи чувствителност на млеко, а го измачувал и Ѓоковиќ

Според податоците од Националниот институт за дијабетес и дигестивни и бубрежни заболувања (NIDDKD), повеќе од една третина од Американците не можат правилно да ја апсорбираат лактозата. Симптомите поврзани со нетолеранција на лактоза на кои најчесто мислиме вклучуваат надуеност и грчеви.

Сепак, постои уште еден симптом на нетолеранција на лактоза што го поврзуваме со проблеми со синусите или алергии.


„Еден од начините да откриете дали сте чувствителни или алергични на млечни производи е да обрнете внимание на тоа колку слуз произведува вашето тело“, пишува диететичарката Хедер Реј за The Beet.

Новак Ѓоковиќ сметал дека проблемите со дишењето му ги предизвикуваат алергии, па затоа бил и на операција, пишува овој портал кој промовира исхрана базирана на растенија.


This image has an empty alt attribute; its file name is novak-djokovic-alergii-1.jpg

„Новак Ѓоковиќ се жалеше на алергии, дури беше и на операција за да може подобро да дише. Кога тоа не му донесе никакво олеснување, тој побара помош од лекар кој ја анализирал неговата исхрана и открил на каква храна реагира, вклучувајќи глутен, млечни производи… и рафиниран шеќер. Откако ја промени исхраната и ги исклучи млечните производи, извести дека веднаш се чувствува подобро“, појаснува The Beet.


Се проценува дека 36 отсто од населението е нетолерантно на лактоза.

„Лактозата е шеќер кој природно се наоѓа во млекото и млечните производи како сирење или сладолед. Кај нетолеранцијата на лактоза, дигестивните симптоми се предизвикани од малапсорпција на лактоза. Малапсорпцијата на лактоза е состојба во која вашето тенко црево не може да ја свари или разгради лактозата што ја внесувате со јадење или пиење“, објаснува Eat This.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Како брзо да се исушат алиштата во зима? Овие генијални трикови заштедуваат време!

Доколку немате тераса или соба во вашиот стан каде што можете да ги исушите алиштата, …