Web

„Детска Насмевка за овој Свет” – хуманитарен настан во чест на животот и делото на Тоше Проески

Настанот ќе се одржи во амфитеатарот во спомен куќата на Тоше Проески во Крушево на 29ти јуни. Тоа е ден кој е особено значаен за Тоше, посебен ден во неговата кариера, ден на кој е оддржан неговиот прв концерт на градски стадион кој сега е именуван по неговото име.
За интерпретација на безвременските хитови на Тоше, задолжени се нашите звезди Никола Зацески, Денис Димоски, Марија Груевска и Елена Петреска, поддржани со музичките групи Инвиктус и Мелем.
Собраните средства ќе бидат искористени за набавка на неопходна медицинска опрема за тестирање на слух кај новороденчиња во Македонија.

This image has an empty alt attribute; its file name is Poster-Detska-Nasmevka.jpg
Хуманитарниот концерт е во организација на “Play Without Boundaries” во соработка со спомен куќата на Тоше Проески.
Play Without Boundaries – PWB (Игра Без Граници) е хуманитарна непрофитна организација која е регистрирана во Австралија во 2015 година во чест на Тоше Проески.
Од нејзиното постоење, PWB има организирано повеќе хуманитарни музички настани во Австралија, а ова е првиот од низата хуманитарни концерти кои се планираат во Македонија.
Ве покануваме и очекуваме да ни се придружите на оваа незаборавна ноќ, славејќи и уживајќи во духот и музиката на Тоше и неговата љубов према децата.
Повторно заедно да го доживееме „Ѕвезденото Небо” на Тоше!

loading...

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЛЕТОТ КОЈ ГИ „РАЗВЕДЕ“ – Анџелина Џоли го обвинила Пит за физички напад: Ја грабнал за главата, па ги нападнал децата…

Еден од најпознатите холивудски парови Анџелина Џоли и Бред Пит повторно се во центарот на …