(ВИДЕО) Наместо со торта, Лозано публиката, за својот роденден, ја чести со нова песна: Слушнете го новиот летен хит „Ме нервираш“

Денеска е роденден на нашиот најпопуларен пејач Влатко Лозаноски – Лозано, а по тој повод наместо роденедско парче торта, Влатко публиката ја чести со нова песна.
Станува збор за летна песна со „заразен“ текст и мелодија, a нејзиниот наслов е краток и јасен: „Ме нервираш“.
Aвтори на истата се Лазар Цветкоски, односно музика и аранжман, додека пак текстот е дело на Магдалена Ена Цветкоска – тимот со кој Лозано соработува од почетокот на својата кариера.

This image has an empty alt attribute; its file name is lozano-spot-2.jpg
Како и за сите други песни, така и за оваа Лозано и неговиот тим на соработници снимија видеоспот во прекрасниот хотел „Мирор“ во Скопје.
Како режисер на ова видео се потпишува Дарио Јанковиќ, односно Генерал Јанковиќ, а главната улога во спотот ја има една од најубавите девојки во Македонија, манекенката Ана Марија Јанковиќ.


This image has an empty alt attribute; its file name is lozano-spot-1.jpg
„Со нетрпение ги чекав овој ден за да ја објавиме мојата најнова песна. Ќе бидам искрен и ќе кажам дека мене ова ми е една од подрагите песни и мислам дека ја споделуваме со публиката во вистинско време“ – вели Лозано.

This image has an empty alt attribute; its file name is lozano.jpg
Лозано за кратко време на публиката и промовира две песни. Пред два месеци тој ја објави песната „После полноќ“,па денеска дојде редот на „Ме нервираш“, а тој со неговиот тим веќе работат на подготовки за снимање на видеоспот за уште една нова песна.
Инаку летово Влатко и неговиот бенд настапуваат низ повеќе градови во нашата земја, а следните концерти се закажани во Скопје, Тетово и Битола…
До тогаш уживајте во новата песна:


Фото: Приватна архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи во вашиот организам ако јадете ДВЕ ЛАЖИЧКИ МЕД секој ден? Канадските научници дојдоа до многу интересни податоци

Еве како редовното консумирање мед може да влијае на организмот Канадските научници истражувале и утврдиле …