(ВИДЕО) Во борбата за лајкови сака да виси од вратите на најскапите автомобили!

НЕКОИ се здобија со популарност со достигнувања кои го облагородија светот, а за некои целта е само да фатат повеќе лајкови.
Во вторите е Кристоф Зицман, кој продава и изнајмува егзотични автомобили, а во слободното време очигледно сака да привлекува внимание. Неодамна учествуваше на „Go Luxury Summer Tour 2022“, а како што веќе најавува името, придружник му беше Bugatti Chiron.

loading...

Од само нему познати причини, дошол на идеја да виси до вратата од автомобилот. Ситуацијата ја зачинил со тоа што го правел над каналот, додека ги правел кревањата. И ова не му е прв пат. Иако е тешко да се извлече поука од виденото, нема сомнеж дека проектантните навистина размислувале за јачината на секој дел од возилото, вклучувајќи ја и рамката на вратата. Секоја штета што би била предизвикана од ваква изложба секако не би била вклучена во гаранцијата, а поправката би била скапа за сопственикот, како и се што е на тој автомобил.

View this post on Instagram

A post shared by Christoph Zitzmann (@christoph.zitzmann)


Ако малку го проучите Зицман на социјалните мрежи, ќе забележите дека ова не е изолиран случај. Очигледно е дека има фетиш на вратите на егзотичните автомобили, па е снимен кога прави кревања на Ролс Ројс, но и седи на вратата на Вејрон. Судејќи по бројот на посети, ваквите егзибиции дефинитивно имале големо влијание врз популарноста на неговите профили.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДВА ТИМА СРЕДНОШКОЛЦИ од Орце Николов, Зеф Љуш Марку и Корчагин ЗАЕДНИЧКИ НА ТРОНОТ НА ОВОГОДИНЕШНОТО ИЗДАНИЕ НА NASA Space Apps Challenge во Македонија

Основци го понесоа високото второ место Со посебно задоволство Ви ги претставуваме победниците на NASA …