САКА ДА ИМ ПОМОГНЕ НА ДРУГИТЕ – Можете ли да препознаете која жена на фотографијата самошто има срцев удар?

Кардиоваскуларните заболувања се водечка причина за смрт како во светот така и кај нас, па затоа е важно да се знае како да се препознаат симптомите на миокарден инфаркт (како што најчесто се нарекува срцевиот удар).
За да ги предупреди и да им помогне на другите, библиотекарката и писателка Линда Џонс го опишала своето искуство со срцевиот удар.
Линда редовно вежба, добро се храни и не пуши. Фотографијата подолу е направена токму во моментот кога Линда добила срцев удар, иако на неа не се гледа. Таа е на средина и со наочари на лицето.
„Мојот срцев удар не беше холивудски, кога некој ќе се фати за гради и се превртува од болка. Секој од моите симптоми беше таков што ќе остане сам по себе како можен срцев удар. Сите мои симптоми се такви што може да бидат и често се, отфрлени од здравствените работници, а камоли од луѓето кои ги имаат. Кога влегов во собата за итни случаи, брзо и конкретно ги наведов“, напишала Линда на својот блог.

Седум симптоми на срцев удар кај жените:

loading...

1. Екстремен замор
Во деновите или дури и неделите пред срцев удар, повеќе од 70. проценти од жените доживуваат тешка исцрпеност слична на грип.

2. Болка
Понекогаш тоа може да биде страшна болка, но често кај жените болката е повеќе како притисок – и не секогаш во пределот на срцето. Оваа болка може да се појави во градната коска, горниот дел од грбот, рамената, вратот и вилицата. Линда доживеала убодна болка во грбот помеѓу лопатките. Болката исто така се ширела низ левата рака до малиот прст и тој за прстен.


3. Обилно потење
Можеби сте целосно мокри или имате бледо и пепелливо лице.
„Им реков дека еден пријател ми рече дека изгледам пепелаво“, рекла Линда кога ги набројала симптомите во собата за итни случаи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Крај на една бајка – Жизел Бундхен и Том Брејди се разведуваат: „Тој треба да си ја следи среќата“

Како што потврдиле извори за Page Six, Жизел Бундхен и Том Брејди не успеале да …