Намалете го холестеролот на природен начин: Конзумирањето на овие намирници може да ви помогне во тоа!

Ако имате висок холестерол, обидете се да ги вклучите овие намирници во вашата секојдневна исхрана
Зголемениот холестерол може да предизвика голем број проблеми и болести на срцето и крвните садови. Лекарите објаснуваат дека има добар и лош холестерол. ЛДЛ холестеролот се нарекува лош бидејќи пренесува 75% од мастите (50% од холестеролот) во крвта и е главен носител на холестеролот. ХДЛ холестеролот е „добар“ бидејќи содржи 50% протеини и само 20% холестерол.
Научниците ги препорачуваат следните намирници за кои откриле дека се добри за намалување на мастите во крвта, а со тоа и на холестеролот:

Лукот може да го намали присуството на холестерол за дури 11% доколку се користи секојдневно во форма на таблети. Исто така, едно чешне лук дневно значително помага за подобрување на циркулацијата.

loading...

This image has an empty alt attribute; its file name is orevi-za-mladost.jpg
Оревите се храна која одлично влијае на ХДЛ и обезбедуваат најголем процент на заштитувачки „добар“ холестерол.
Поради своето богатство со влакна, гравот може да го намали нивото на холестерол за дури 6% за еден месец.
Целерот е добар во намалувањето на концентрацијата на лошиот холестерол бидејќи делува релаксирачки на артериите и овозможува нивно проширување.
Јаболката најдобро го намалуваат холестеролот и тоа за дури 38. отсто. Редовното консумирање свежи јаболка или нивниот сок може да постигне добар резултат.

This image has an empty alt attribute; its file name is jabolka.jpg
Збогатете ја вашата исхрана со овие намирници и резултатите ќе се подобрат. Многу луѓе во светот страдаат од висок холестерол, затоа не очајувајте и направете се’ што е во ваша моќ да го вратите нивото на холестерол во нормала за да бидете поздрави и подобро да функционирате.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Клои Кардашијан „се заиграла“ во фотошоп: Пред нејзините облини се искривиле ѕидот и огледалото

На профилот на Клои Кардашијан повторно се појави фотографија со промашување на Фотошоп, што предизвикало …