(ВИДЕО) ПОТПОЛНО ПОДГОТВЕН – Најубавата фудбалска приказна денес: Во октомври му беше дијагностициран рак, а денеска се врати во Премиершип!

Одличниот велшки фудбалер Дејвид Брукс (24) доживеа голема животна драма, а истата за среќа имаше позитивна завршница. Тој беше излечен од рак и се врати во Премиершип.
Брукс одигра одлично во Премиер лигата со „Борнмут“, но тимот испадна во Чемпионшип. Кога започна сезоната на второто ниво, му беше дијагностициран Хочкинов лимфом од втор степен.
За среќа, Велшанецот помина низ процес на хемотерапија и денес ракот е минато. Тој вчера се појави на подготовките на клубот и на првите тестови, што предизвика еуфорија кај навивачите на „Борнмут“, но и кај сите неутрални навивачи.

„Работи што сакаме да ги видиме. Убаво е повторно да те видиме повторно меѓу нас, Дејвид“, рекле од „Борнмут“.
Одличниот крилен напаѓач планира настап на Мундијалот и со својот Велс, во чиј дрес до појавата на болеста одигра 21. натпревар.
„Одлична работа за него е што е во тимот. Тој даде свој придонес во оваа приказна. Исто така, неверојатно е што можеме да му дадеме нешто што со нетрпение го очекува. Неговата цел е да се врати на Светското првенство и се надевам тој ќе игра повторно, на тоа ниво“, изјави неговиот соиграч Крис Мефам.

loading...

Фото: Принтскрин/afcbtv

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Озил објавил фотографија од болничкиот кревет со надеж дека ќе реши долгогодишен проблем

Поранешниот германски репрезентативец Месут Озил објавил дека операцијата на грбот му „минала добро“ и дека …