Контроверзната Џун Шенон (42) целосно ги игнорирала потребите на своите деца додека целото внимание го насочи кон Џордан МекАлам (24), кого го опсипувала со скапоцени подароци, како што тој откри во неодамнешното интервју со Јутјуберот Ели Би.
Џун Шенон е позната по повеќе од контроверзното шоу „Here Comes Honey Boo Boo“, кое се емитуваше од 2012. до 2017. година, а кое го следеше растењето на нејзините ќерки, особено на најмладата Алана Томпсон, познатата Хани Бу Бу.
Нејзините методи, условно кажано, воспитување и одгледување деца со години ја шокираат јавноста, а заминувањето на малата Хани Бу Бу на најмалку седум години е само еден од таквите методи. И еве, мама Џун се уште не шокира.
View this post on Instagram
Потрошила 90.000 долари на своето момче
Според британски „The Sun“, Џордан Мекалам изјавил дека Џун му платила пет месеци кирија за стан во Алабама, кој ја чинел 9.000 долари. Тој открил дека му давала 200 долари во кеш за трошоци, како и дека издвоила меѓу 50.000 и 60.000 долари за накитот што му го подарила.
Во еден момент, Џун почнала да живее заедно со Џордан.