Овен
Љубов:
Забележувате дека вашата сакана личност нема емоционална храброст или искреност да ги изрази своите намери. Размислете за вашите маани.
Работа:
Некој се обидува да ви го наметне своето решение или одредени услови. Нема причина да се вклучите во јавна дебата.
Здравје:
Ќе ви годи некоја спортска активност или релаксација.
Бик
Љубов:
Понекогаш треба да се исклучи разумот, има работи што не можете да ги објасните врз основа на логички правила. Оставете ги вашите чувства да „проговорат“.
Работа:
Важно е работите да завршат на добар начин. Доволно сте вешти да ги надминете деловните недоразбирања и конфликтни ситуации.
Здравје:
Не ги ограничувајте чувствата или желбите, опуштете се.
Близнаци
Љубов:
Сè повеќе почнува да ви недостасува нечие присуство или емотивно внимание. Нема причина да ги потиснувате вашите чувства и потреби.
Работа:
Јасно е дека многу работи изгледаат поинаку, во однос на она што јавно се кажува или презентира во друштво на соработници.
Здравје:
Избегнувајте депресивно расположение и деструктивно однесување.