Срцето да ти пукне…
Киднаперите го киднапирале Мао Јин пред хотел во 1988. година во Кина, кога имал две години. Неговите родители долги години го барале низ земјата, но сепак среќата им се насмевнала минатата недела, кога семејството се обединило.
Пред 32. години таткото и Мао се враќале од градинка, момчето се пожалило дека е жедно, а таткото застанал да побара вода за бебето во блискиот хотел. Кога таткото се вратил, момчето повеќе не било во автомобилот, а потоа почнала долгорочната потрага.
Во 2007. година, родителите основаа волонтерска асоцијација, со намера да им помогнат на родителите кои доживеале слична судбина. Дваесет и девет деца биле вратени во семејствата, благодарение на ова здружение.
Во април, маж од провинцијата Сечуан пријавил дека пред многу години посвоил момче. Тестирањето на ДНК докажало дека младиот човек е навистина Мао кој исчезнал пред повеќе од триесет години. Тој сега има ново име, Гу Нингнинг и основал компанија за дизајн на ентериер.
Сцената на неговата средба со родителите по 32. години го обиколи светот, а никој не останал рамнодушен.
Фото: Принтскрин/YouTube