(ВИДЕО) „Запамтете го неговото име“: Убавицата што го нападна Путин ЈА ПРЕТЧУВСТВУВАЛА СМРТТА, тајно го снимила ова!

Се појави видео од Грета Ведлер, чие тело беше пронајдено во куфер во март…
Руска манекенка и деловна придружба чие тело беше пронајдено во куфер во март оваа година, очигледно ја предвидела својата смрт во видеото направено само неколку дена пред нејзиното убиство.
Грета Ведлер (23) исчезна во февруари 2021. година додека престојувала во хотел во Москва пред патувањето на Бали, каде сакала да „започне нов живот“.
Нејзиното тело беше откриено една година подоцна во куфер во автомобил паркиран во гаража на периферијата на село во близина на Липецк – на околу 400 километри од главниот град на Русија.
На снимката од рецепцијата во хотелот, која неодамна ја објавија руските медиуми, се гледа дека Грета изгледа претчувствувала што ќе се случи со неа. Тајно го снимила видеото и го испратила на пријател, а се појавило пред само неколку дена. Се чини дека таа снимала со нејзиниот телефон, но го чувала под пултот на рецепција, така што персоналот на хотелот не можел да го види.
-Јас сум од бројот 708. Врескав, ми се закануваа дека ќе ме убијат, но никој не ме спаси. Зошто? Треба да разберете ако нешто ми се случи – се слуша гласот на манекенката.
Менаџерот на хотелот потоа одговара на нешто нечујно пред Грета да каже: „Запомни го неговото име“. Таа потоа постојано го именувала своето момче Дмитриј Коровин како нејзин иден убиец.


Пријателот, на кој таа му го испратила видеото, а чиј идентитет не е објавен, за локалните медиуми изјавил дека неколку пати се сретнал со Коровин и дека воопшто не му се допаѓа.
– Прво, веднаш е јасно дека оваа личност е непредвидлива, непринципиелна и опасна. Второ, знам дека мора совршено да разбрал што прави Грета. Но, тој не ја спречи. Напротив, го искористи тоа што таа заработила многу пари – рекол тој.
Грета им се пожалила на пријателите дека Коровин постојано и барал пари и не и ги враќал.
– Дима имаше проблем. Дрога. Грета некое време земала со него разни супстанци, но потоа престанала – изјавила нејзината пријателка.
Но, и покрај огромниот долг на Коровин кон неа во износ од еден милион рубљи (речиси 1,1 милиони денари), таа не ја раскинала врската.
Тој на полицијата и рекол дека на денот на смртта на манекенката, парот се скарал поради клиентите на Грета. Коровин, кој тогаш бил пијан, тврдел дека ја нападнал и дека на крајот ја задавил пред да се онесвести. Тој рекол дека кога се вратил, ја нашол ладна на креветот, ја спакувал во куфер и со него заминал од Москва.


Куферот потоа бил чуван во гаражата на неговите родители една година.
„Не можев да се натерам да ја закопам Грета некаде во шумата, како куче. Бевме блиски со неа, не можев тоа да и го направам – открил еден од инспекторите што му рекол убиецот.
Во куферот бил пронајден и активен јаглен, а Коровин им рекол на инспекторите дека слушнал дека тоа ќе го уништи мирисот на нејзиниот труп во распаѓање.
Убиецот бил испратен на психијатриско вештачење, а на распитот објаснил дека ја задавил девојката поради финансиски и семејни несогласувања.
Интересно е и тоа што Ведлер се најде на насловните страници во некои медиуми еден месец пред нејзиното исчезнување бидејќи го нарече рускиот претседател Владимир Путин „психопат“. Иако нејзината смрт не беше поврзана со политички убедувања, многумина по избувнувањето на конфликтот во Украина мислеа дека таа навестила војна велејќи дека Путин „планира да создаде голема Русија“.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за четврток, 18.08.2022: Доколку ве мачат љубовните дилеми, размислете која е вистинската причина за вашата несигурност…

Овен Љубов: Очекувате премногу од нечии ветувања или од личност која упорно се обидува да …