Луда и многу необична свадба во Хрватска стана хит на социјалните мрежи во целиот регион кога фотографот на TikTok објавил видео од се што прават младенците.
На атрактивно монтираното видео се гледа како младоженецот оди да ја земе невестата, а невестата и младоженецот ги пречекуваат пред нејзината куќа со вода и бел прав на послужавник. Веднаш се наведнал да го „шмркне“, па исекол греда (ова не е никаква метафора).
@robertouzelac This is what happens when wedding couple is as crazy as we are 🔥 #wedding #weddingtiktok #couple #love ♬ Piece Of Your Heart – MEDUZA & Goodboys
Секако дека станува збор за шега, но луѓето сепак биле шокирани од сцената и се прашувале дали е тоа можно.
Многумина во коментарите сепак шпекулирале дека се работи за прашок за пециво, што го потврдил и авторот на видеото. Додал дека му е жал што е погрешно протолкувано, но дека веселбата била прекрасна.
Според други кадри од венчавката, може да се претпостави дека младенците можеби не се „под прав агол“, туку во позитивна смисла. Тоа особено му се допаднало на фотографот, кој очигледно уживал додека ги снимал со својот тим.
Фото: Принтскрин/TikTok