(ФОТО) ЖЕНКА ПИТОН НА ФЛОРИДА ВО СТОМАКОТ КРИЕЛА ТАЈНА: Еве што имал рептилот долг 5,5 метри и 100 килограми за последен оброк

Остатоците од последниот оброк се пронајдени во стомакот на бурмански питон, а според пронајдените копита станува збор за елен.
Змија од 5,5 метри и речиси сто килограми била фатена во Еверглејдс во декември минатата година, но ја чувале во замрзнувач до април. Тие сега објавија фотографии и детали од најголемиот улов со кој се бореле 20. минути.

„Отстранувањето на женките питони од областа на Јужна Флорида е клучно за нарушување на циклусот на размножување на овие предатори кои предизвикуваат хаос на екосистемот Еверглејдс и земаат извори на храна од други автохтони видови“, рекол Јан Бартосек, биолог.
Бурманскиот питон е најголемиот питон и е една од шесте најголеми змии во светот со просечна големина од 5,5 метри. Најголемиот примерок досега е од Илиноис, фатен е во 2005. година и тежел 183. килограми и бил долг 8,2 метри.

loading...

Фото: Принтскрин/USATODAYNETWORK

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„НИКОГАШ НЕМА ДА ПОРАСНАМ! СЕ УШТЕ ВЕРУВАМ ВО ЧУДА, ЉУБОВ И ДОБРИ ЛУЃЕ“: 14. пораки кои ќе донесат среќа кога деновите се мрачни

14. цитати за животот, љубовта и среќата – ви помагаат да живеете поедноставно, полесно и …