Зошто мажите ги привлекуваат постари жени?

Постара жена и помлад маж – ваквата љубовна врска одамна веќе не е табу тема.
Ако сте повозрасни од него, логично е дека сте поминале повеќе тоа и сте се соочиле со многу предизвици кои допрва треба да се постават пред него. Вие сте помудри, поискусни и попаметни, а тоа го бара помладиот маж кај постара жена. Му помагате подобро да се справи со своите проблеми. Со партнер како вас, тој подобро минува низ животот.

Знаете што сакате
Богатото животно искуство ви помогнало и јасно да ги дефинирате вашите цели и да знаете што сакате, без разлика дали е тоа работа, приватен живот или љубов. Знаете каков маж повеќе не сакате покрај себе и решени сте да го направите тоа. Вашите јасни ставови го импресионираат и значително му го поедноставуваат животот, а тој е поласкан што сте го избрале.


Му го зајакнувате егото
Претходната точка е вовед во ова. Со текот на годините, станавте пребирливи, ја цените вашата слобода, се ставате себеси на прво место и избирате само мажи кои можат да ви парираат. Ако изберете некој помлад од себе, ќе го зајакнете неговото его. Тој е поласкан што го сака успешна, самоуверена и остварена жена.

Самодовербата е најсилниот афродизијак
Нема ништо попривлечно од жена која одлично се чувствува во својата кожа. Доколку излегувал со врснички, тешко дека запознал самоуверена жена и токму затоа чувствува дека сте неверојатно привлечни за него. Природно е помладите девојки да страдаат од недостаток на самодоверба. Имено, тоа се гради со искуство и доаѓа со годините. Ги имате и двете.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

3. СОВЕТИ, ДАЛИ Е ТОЈ ВИСТИНСКИОТ МАЖ ЗА ВАС! Обрнете внимание на следните работи…

До моментот кога ќе дојдете до четвртиот состанок, честопати треба да одлучите дали сериозно да …